fbpx

Зрачеше со топлина: Македонија тагува по Мемет, ова беа неговите соништа

Сонуваше да сними песна и да стане познат рапер

Од здравствени компликации почина младиот херој Мемет Камбер (2002-2023), продавач од редовите на „Дневен центар за деца на улица“.

Тажната вест ја соопштија од платформата „Лице в лице“ која има помага на ранливите лица да заработат, но и да бидат дел од социјално менторство кое ги подготвува за пазарот на труд.

„Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало. Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него. Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, уживаше во извидничките дружења, тука беше да сподели трик, шега, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер“, стои во објавата на „Лице в лице“.

Следни Објави

Шок! Коста се вклучи во живо? Неверојатна снимка кружи на интернет, пораката од момчето е страшна (ВИДЕО)

На „Тик Ток“ е објавен „лајф“ на профил кој го носи името на момчето Коста Кецмановиќ, а она што може да се слушне на снимката е морничаво. Поминаа 20 дена од масакрот што ја шокираше Србија во основното училиште „Владислав Рибникар“, кога Коста Кечмановиќ уби девет свои соученици и обезбедувачот […]