fbpx

Никола Којо по масакрот на Коста: Актерот со брутална порака!

Не стивнуваат реакциите во јавноста по крвавиот поход на 13-годишниот Коста Кецмановиќ кој на трети мај годинава во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет свои соученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Многу познати личности се огласија по трагедијата, а сега конечно свое мислење даде и славниот српски актер Никола Којо.

Тој испрати барање до родителите на децата кои го посетуваат ОУ „Владислав Рибникар“ да не ги враќаат своите чеда во тоа училиште. Апелира до родителите да им дадат шанса на своите деца да оздрават, да пораснат и да закрепнат, како и немо да тагуваат за убиените пријатели и другари.

„Само далеку од тоа опседнато место ќе станат здрави луѓе, кои некако ќе се справат со таа трагедија. Училиштето ќе заврши, верувајте ми. Не дозволувајте неразумни луѓе да ве претворат во Спартанци! Нежните, емотивните, сочувствителните луѓе ќе го спасат ова болно општество и оваа незрела цивилизација. А тоа се вашите деца“, им порача Којо на родителите.

Следни Објави

Во последното интервју откри долго чувана тајна: Тина Тарнер за животот зад камерите

Сакав слава и ја добив. Сега во пензија уживам далеку од дома и ми годи анонимноста Кралицата на рокенролот, неповторливата Тина Тарнер, своето последно интервју го даде за „Гардијан“. Во истото првпат без заддршка зборуваше за своите стравови, а откри и досега непознати детали за нејзиниот живот и кариера. Одговараше […]