fbpx

Почина младата актерка од рак на јајници, овие симптоми не смеете да ги игнорирате

По долга битка со ракот на јајниците, почина Саманта Вајнштајн. Имаше само 28 години.

Веста за смртта на младата актерка ја потврди нејзиниот татко Дејвид Вајнштајн. „Ќерка ми беше како сонце и осветлуваше сè, каде и да се појавеше“, напиша тој на социјалните мрежи.

Мајката на Саманта изјави дека нејзиниот позитивен став го променил начинот на живот на сите луѓе околу неа, пренесува „Глобал Њуз Канада“.

Саманта Вајнштајн ја играше Хедер во римејкот на „Кери“ во 2012 година, остварување во кое глумеше покрај Џулијан Мур и Клои Грејс Мориц.

Секоја година, стотици илјадници жени ширум светот се дијагностицирани со рак на јајникот. Симптомите кои се јавуваат се најчесто гастроинтестинални, поврзани со притискањето на туморот на овие органи. Најчестите симптомите се подуеност, болка во стомакот, грбот или карлицата, Отекување на абдоменот или карлицата, чувство на ситост дури и пред почетокот на оброкот, лошо варење, дијареја или констипација, често мокрење или постојана потреба за мокрење, губење енергија и апетит..

Исто така може да се појави и крвавење, како и нарушување на менструалниот циклус како обилни или нередовни менструации. Најчесто овој симптом се појавува кај помладите жени, бидејќи возраста е ризичен фактор кај овој вид рак. Повеќето жени кај кој е дијагностициран рак на јајниците веќе се во менопауза.

Постојат одредени видови рак на јајникот поради кои може да настане крвавење. Па доколку го забележите вон менструацијата, би требало да посетите лекар.

Следни Објави

Никола Којо по масакрот на Коста: Актерот со брутална порака!

Не стивнуваат реакциите во јавноста по крвавиот поход на 13-годишниот Коста Кецмановиќ кој на трети мај годинава во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет свои соученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ. Многу познати личности се огласија по трагедијата, а сега конечно свое мислење даде и славниот српски актер Никола Којо. Тој […]