fbpx

Пресврт! Уапсен и вујкото на монструмот, еве што се случува со Урош и со татко му

Српската полиција го уапси вујкото на 21-годишниот Урош Б. кој е осомничен дека уби осум и рани 14 лица кај Младеновац.

„Нова.рс“ објави дека при апсењето, во куќата на 49-годишниот Г.Г. била пронајдена голема количина на оружје и муниција. Српската полиција информира дека тој е уапсен со цел да се утврдат сите околности за потеклото на оружјето со кое Урош изврши масакр.

Урош Б. моментално е сместен во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење. Според весникот „Нова“, тој не се кае за тоа што го направил, а ДНК-трагите пронајдени на оружјето и во автомобилот се совпаѓаат со неговиот ДНК-профил.

Во притворот е и таткото на Урош, осомничениот Р.Б. (55). Според последните сознанија, постапката против него се води одвоено.

За потсетување, полицијата изврши претрес во неговите простории во околината на Младеновац и пронајде и одзеде две воени дозволи за пушка карабина со оптика и револвер, пиштол со две рамки, две оптики за ловечка пушка, револвер, неколку стотици парчиња муниција од различен калибар, како и рачно изработен уред за активирање.

Следни Објави

Мајката на Коста со шокантно тврдење: Нејзината изјава фрла ново светло на истрагата за масакрот во „Рибникар“

Направила се’ што ѝ било побарано, одговорила на сите прашања Во белградската полиција вчера била сослушана М.К.(46), мајката на момчето К.К.(13), кое е осомничено за убиство на девет свои врсници и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“. Разговорот траел со часови, дознава Телеграф. „Мајката е сослушана во својство на граѓанин. Зборуваше […]