fbpx

Во последното интервју откри долго чувана тајна: Тина Тарнер за животот зад камерите

Сакав слава и ја добив. Сега во пензија уживам далеку од дома и ми годи анонимноста

Кралицата на рокенролот, неповторливата Тина Тарнер, своето последно интервју го даде за „Гардијан“. Во истото првпат без заддршка зборуваше за своите стравови, а откри и досега непознати детали за нејзиниот живот и кариера. Одговараше на брзи прашања, а ова беа нејзините одговори.

Кој е Вашиот најголем страв?

-Никогаш не сакам да се вратам. Толку многу се борев низ животот што само треба да одам напред.

Кое е Вашето најрано сеќавање?

-Играње на моето омилено дрво. Бев како момче и секогаш ја кинев облеката, а косата секогаш ми беше заплеткана.

Која Ваша особина најмногу ја осудувате?

-Не се осудувам себеси, но јас сум перфекционист.

Што најмногу презирате кај другите?

-Тоа што луѓето премногу пати се обидуваа да донесуваат одлуки наместо мене. Претпоставките дека тоа ми е потребно беше голема грешка.

Опишете се себеси со три збора!

-Искрена, весела, забавна.

Која е Вашата супермоќ?

-Можеби сите оние солистички концерти што ги имав на високи потпетици од 15 сантиметри.

Од што сте незадоволни?

-Прерано изгубив блиски луѓе.

Што најмалку ви се допаѓа во Вашиот изглед?

-Ништо. Жените се принудени внимателно да се погледнат себеси и да бидат критични кон себе. Мажите не се.

Кога би можеле да бирате, која актерка би ве играла на големото платно?

-Анџела Басет веќе го направи тоа. И беше одлична.

Која е вашата најнепривлечна навика?

-Гледање хорор филмови одново и одново.

Што Ве плаши кај стареењето?

-Ништо. Ова е животна авантура и јас ја прифаќам како таква и го прифаќам секој ден со се’ што носи.

Која е Вашата славна симпатија?

-Отсекогаш сум бил вљубена во Мик Џегер. Ми се допадна кога бевме на турнеја со Ролинг Стоунс.

Да не бевте вие, која личност најмногу би сакале да бидете?

-Опра.

Кога последен пат сте се премислиле за нешто значајно?

-Кога ги запознав моите продуценти, им кажав дека не сакам да се снима мјузикл за мене. Се предомислив и дефинитивно тоа беше вистинската одлука!

Како би сакале да Ве паметат?

-Како кралица на рокенролот. Како жена која им покажала на другите жени дека е во ред да се стремите кон успех според ваши услови.

Кока е Вашата најголема тајна?

-Го сакам Мекдоналдс. По премиерата на мојот мјузикл во Лондон, го натерав Ервин да скршне од патот кога се враќавме во нашиот хотел.

Следни Објави

Пресврт! Уапсен и вујкото на монструмот, еве што се случува со Урош и со татко му

Српската полиција го уапси вујкото на 21-годишниот Урош Б. кој е осомничен дека уби осум и рани 14 лица кај Младеновац. „Нова.рс“ објави дека при апсењето, во куќата на 49-годишниот Г.Г. била пронајдена голема количина на оружје и муниција. Српската полиција информира дека тој е уапсен со цел да се […]