fbpx

Конечно убава вест: Евтината струја се враќа и преку ден, еве кога!

Во интервју за утринската програма на Телевизија Телма, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи најави дека од први јули оваа година, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија.

„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули, порача Битиќи додавајќи дека цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри.

Потпретседателот Битиќи истакна дека за првпат во независноста сериозно се работи на Национална стратегија за развој која треба да го трасира патот по кој државата треба да се развива.

„Во секоја стратешка област ќе биде јасно разграничено што е тоа што каде сакаме да стигнеме и тоа е визијата и наредниот период ќе се работи на акцискиот план како тоа да се постигне“ порача Битиќи во гостувањето на Телевизија Телма.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто.

Евтината тарифа беше укината со образложение дека цената на струјата во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас, модел на користење на струјата како евтина тарифа немало никаде.

Следни Објави

Хороскопски знаци кои ќе се збогатат до крајот на годината

Последниот квартал од оваа 2023 година ќе биде особено значаен за три хороскопски знаци. Овие граѓани може да очекуваат бројни парични придобивки! ЛАВ Претставниците на овој хороскопски знак во наредниот период ќе имаат вистинска среќа со парите. Иако своето богатство го стекнуваат собирајќи денар по денар, на почетокот на декември […]