fbpx

Телото на познатиот актер пронајдено закопано в двор: Рацете му биле врзани, полицијата објави вознемирувачко видео

Бразилскиот актер Џеферсон Мачадо (44), кој исчезна пред речиси пет месеци, е пронајден закопан пред една куќа во Рио де Жанеиро.

Веста дека актерот е пронајден мртов ја објави семејна пријателка на својот профил на социјалните мрежи.

„Со големо жалење ве известуваме дека Џеф е пронајден мртов“, напиша Синтија Хилсендегер во потресна објава.

Полицијата соопшти дека телото на актерот било пронајдено врзано и набиено во дрвена кутија, која потоа била закопана два метри под земја во дворот на приватна куќа во населбата Кампо Гранде. Тој бил идентификуван врз основа на неговите отпечатоци од прсти.

„Рацете му беа врзани зад главата“, изјавил семејниот адвокат на актерот наведувајќи дека вратот му бил обвиткан со жица, што укажува дека најверојатно бил задавен.

Адвокатот додал дека телото било испрскано со некоја хемикалија за да не се почувствува непријатниот мирис на распаѓање.

На видеата се гледа дека ковчегот бил ископан и извлечен од тим од девет луѓе кои прво морале да го скршат бетонскиот под со дупчалка.

Полицијата во Бразил трага по мажот кој го изнајмил имотот.

Неидентификуваниот осомничен, кој наводно го познавал Мачадо, последен пат бил виден како влегува во куќата пред околу еден месец.

„Џеферсон беше ладно и брутално убиен од завидливи и зли луѓе“, напиша Хилсендегер на Инстаграм-профилот на актерот.

Откривањето на телото го означува крајот на сагата што започна откако Мачадо, кој е роден во Рио, исчезна во јануари, а полицијата соопшти дека последен пат бил виден во Кампо Гранде.

Семејството на Мачадо дознало за неговото исчезнување дури откако една невладина организација ги известила дека неговите осум кучиња се сами во куќата со денови. Меѓутоа, во текот на следните месеци, семејството добило пораки од некој за кој се сомневале дека се претставува како актерот.

Мајката на Мачадо, Марија дас Дорес, рече дека преписката и била сомнителна бидејќи била полна со правописни грешки и не ѝ се чинело дека се допишува со нејзиниот син. И таа престанала да добива повици од него, а лицето кое ѝ се претставило како Мачадо и објаснило дека телефонот му паднал во тоалетот.

Семејството станало сè позагрижено откако забележало дека лозинката на клаудот на Мачадо е сменета и дека функцијата за следење на локацијата е оневозможена.

Мачадо почна да глуми во 1997 година и е познат по улогите во многу ТВ-сапуници.

Следни Објави

Неочекувани пари за овие хороскопски знаци до трети јуни

Ѕвездите особено ќе им бидат наклонети на овие три знаци. Ќе им „крцка“ паричникот, но треба и особено да внимаваат. БИК Позната е нивната амбициозност за правење големи пари. Во наредните неколку дена ќе имаат уште посилен мотив да се жртвуваат на професионален план, па нивната финансиска состојба значително ќе […]