fbpx

Често доаѓаше во Скопје, беше во брак со Мис на Југославија, па се вљуби во 23 години помлада: Тивко замина во екот на пандемијата

Во екот на ковид-пандемијата пред две години почина познатиот музичар Александар Сања Илиќ (70), основачот на групата „Балканика“.

Творештвото на Илиќ беше интересно и за многу македонски фанови, па пред неколку години ја доби и наградата за животно дело на фестивалот „Охрид фест“.

Во својата плодна кариера, Илиќ има напишано околу илјада песни кои ги исполниле познати пејачки имиња како Здравко Чолиќ, Маја Оџаклиевска, Даворин Поповиќ, Бисера Велентаниќ, Габи Нивак, Зденка Ковачичек, Дадо Топиќ..

Со песната „Нова деца“, Илиќ со „Балканика“ ја претставуваше Србија на евровизискиот избор во Лисабон во 2018 година.

Тој е автор на музиката на повеќе театарски престави, филмови и ТВ-серии меѓу кои и познатата „Село гори, баба се чешла“.

Автор е и на химната на познатиот белградски фудбалкси клуб Црвена звезда.

Илиќ беше во брак со артистката Злата Петковиќ, поранешна Мис на Југославија, позната по ликот на Марија во култната серија „Враќање на отпишаните“. Со неа го има синот Андреј.

Таа почина во 2012 година од мозочен удар, а четири години подоцна музичарот се ожени со 23 години помладата Татјана Карајанов.

Фото: Стори.рс/Зорана Јефтиќ/Промо Евровизија

Следни Објави

Го затега лицето, го топи салото: Диетата по која полудеа познатите дами

И кралицата Летиција ги доведе линијата и тенот до совршенство благодарение на овој начин на исхрана Стареењето не се само годините – тоа со себе си носи и промени кои жените не ги сакаат, а меѓу кои во преден план е забавениот метаболизам поради кој килограмите се собираат, како и […]