fbpx

Го затега лицето, го топи салото: Диетата по која полудеа познатите дами

И кралицата Летиција ги доведе линијата и тенот до совршенство благодарение на овој начин на исхрана

Стареењето не се само годините – тоа со себе си носи и промени кои жените не ги сакаат, а меѓу кои во преден план е забавениот метаболизам поради кој килограмите се собираат, како и брчките на лицето. За, среќа, постои решение и за едното и за другото. Во прашање е фејслифт диетата која ги топи килограмите, но истовремено и ја затегнува кожата, а е позната под името „Периконе“.

Првите резултати се видливи веќе по три дена, а овој начин на исхрана постојано го практикува актерката Џенифер Анистон (51), но и шпанската кралица Летиција (47).

Диетата е дело на дерматологот и нутриционист Николас Периконе кој верува дека причината за прераното стареење се слободните радикали со кои нашето тело е преполно. Главната цел на овој режим била да се симне бројот на брчки и да се поправи комплетниот изглед на кожата, косата, ноктите, а витката линија се покажала како неверојатен бонус!

Диетата се базира на следните намирници:

  • Лосос

Оваа риба е пребогата со протеини кои ги опоравуваат ќелиите во организмот и омега-3 масните киселини кои ја хранат кожата и ја прават блескава и свежа. Лососот содржи и антиоксиданси и органското соединение диметилетаноламин кои го чуваат тонусот на мускулите, вклучувајќи ги и мускулите на лицето и на тој начин го спречуваат создавањето на брчките.

  • Темнозелен зеленчук

Исто како и лососот содржи моќни антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и го спречуваат стареењето.

  • Овошје

Малините, боровницата и јагодите, но и дињите, јаболката и крушите се препорачуваат за десерт во текот на оваа фејслифт диета. Содржат многу антиоксиданси и јаглехидрати кои ќе ве заштитат, но не предизвикуваат драстично покачување на гликозата во крвта.

За оваа диета е многу важно да внимавате на редоследот на храната која ја внесувате – прво се протеините, па потоа јаглехидратите.

Како се реализира оваа диета?

Постојат две опции, тридневна и онаа која трае дури 28 дена. Д-р Периконе тврди дека и тридневниот режим дава неверојатни резултати, особено ако најмалку двапати јадете лосос во тие три дена. Исто така, тридневната диета е одличен начин да го подготвите вашето тело за 28-дневен режим, како и да процените дали можете да ја применувате подолго.

ТРИДНЕВНО МЕНИ (секој ден се јаде исто)

Појадок

Кајгана од три јајца и едно варено јајце и/или 110 грама лосос, пола шолја овесна каша, една шака зрнасто овошје и пола чаша вода.

Ручек

100-150 грама лосос или туна, салата од темнозелен зеленчук, маслиново масло и лимонов сок, едно киви или една круша, пола шолја зрнасто овошје, пола чаша вода.

Вечера

100-150 грама лосос, салата од темнозелен зеленчук, маслиново масло и лимонов сок, 100 грама зеленчук готвен на пареа (брокула, спанаќ), пола шолја зрнесто овошје или едно парче диња, пола чаша вода.

Ако ви се пријаде пред спиење, дозволено е да изедете едно јаболка, 50 грама мисиркино месо, 150 милилитри јогурт или шака тврдо овошје (лешници, ореви, бадеми). Нешто од ова може да одберете и за ужина, а дозволени се максимално две.

28-ДНЕВНО МЕНИ

Принципот е ист – три главни оброка и две ужини, но листата со намирници е доста поисцрпна. Така да дозволено ви е да консумирате и морски плодови, пилешки гради, секаков зеленчук, освен компир, морков, цвекло, грашок и пченица. И од овошје можете сѐ, освен банана, портокал, грејпфрут, лубеница, манго и папаја кои предизвикуваат флуктуација во нивото на шеќерот во крвта. Смеете да јадете и грав, маслинки, немасни млечни производи и да пиете зелен чај и минерална вода.

На листата со забранети намирници се алкохол, кафе, газирани сокови, овошни сокови, смрзната храна, брза храна, леб, слатки и сосови.

За најдобри резултати, д-р Периконе препорачува „комбиниран пристап“, однсоно со оваа диета да пиете што е можно повеќе вода (8-10 чаши) и да почнете да вежбате барем четири пати неделно во траење од 30-45 минути. Се препорачуваат активности како прошетка, трчање, вежби за истегнување и кардио тренинг.

Предноста на фејслифт диетата е здравото слабеење, а нејзина мана е тоа што е малку поскапа и не може секој да си ја дозволи.

Следни Објави

Огромна тага! Почина познатата водителка, колешката се сруши пред камера

Британската медиумска компанија ITN на својот профил на „Твитер“ објави дека починала нивната позната водителка Емили Морган. Уредничката за здравство и наука на ITN News се упкои на 45-годишна возраст по кратка битка со ракот на белите дробови. Познатата новинарка во последното нејзино обраќање во јавноста изрази желба да не […]