fbpx

Анастасија го загуби бебето, се огласи нејзиниот партнер скршен од тага

Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ го изгубија бебето.

Тажната вест ја соопшти српскиот репрезентативец на својот инстаграм-профил.

„Со вас споделивме добри вести и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша фудбалерот на Севиља на социјалните мрежи.

Емотивната врска на ќерката на Цеца со познатиот фудбалер уште од почеток е под лупа на јавноста во целиот регион, но особено откако медиумите дознаа дека ќе станат родители.

Анастасија требаше да се породи на почетокот на октомври, а некои портали објавија дека носи девојче.

Двојката планира интимна венчавка само за најблиските роднини и пријатели во јули во Севиља, а следната година ќе следи голема прослава и венчавка во црква.

Следни Објави

Ѝ дошол на свирка, по неполна година се земале: Оваа македонска пејачка има интересна љубовна приказна

Повозрасните ја паметат од времето на „Багаж“, бендот со кој го сними евергринот „Името твое“. Наташа Малинкова е македонска пејачка со една од најинтересните љубовни приказни на естрадата. Со нејзиниот сопруг Кире се запознале во ноќен клуб во Кавадарци во периодот кога таа имала редовни настапи токму со групата „Багаж“.  […]