fbpx

Детали од сослушувањето на дадилката на Коста: Цело време го повторувала ова!

Продолжува истрагата за 13-годишниот Коста Кецмановиќ кој на трети мај уби девет свои врсници и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Денеска во полицијата била сослушана и дадилката на момчето-убиец која, како што дознава „Информер“, детално раскажала се’ што знае за Коста, за неговите родители, неговата сестра и навиките кои ги имале додека била вработена кај нив.

Според информациите до кои дојде истиот портал, таа на сослушувањето била запрепастена и во целосен шок.

„Раскажа како сè уште не може да разбере зошто Коста си ги убил другарите и училишниот чувар. Призна дека со денови по злосторството во Врачар размислувала за Коста и за времето додека го чувала и дека се’ уште не може да се опорави од шокот“, вели добро упатен извор на „Информер“.

Според неговите зборови, дадилката во полиција рекла дека Коста, додека го чувала, бил добро дете, послушно и паметно.

„Беше добро бебе, подоцна момче. Беше натпросечно интелигентен, љубопитен и успешен во се’ што го интересираше. Ништо во неговото однесување не навестуваше дека тој некогаш би направил такво злосторство“, појаснила таа.

Коста и понатаму е сместен на Клиниката. Персоналот неодамна изјави дека момчето не покажува никакво каење и дека единствено е заинтересирано за една работа.

„Зборуваат ли сите за мене?“ и „Дали сум новиот цар на социјалните мрежи?“ наводно биле единствените две прашања кои им ги поставувал на лекарите.

Следни Објави

Анастасија го загуби бебето, се огласи нејзиниот партнер скршен од тага

Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ го изгубија бебето. Тажната вест ја соопшти српскиот репрезентативец на својот инстаграм-профил. „Со вас споделивме добри вести и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и […]