fbpx

Ѝ дошол на свирка, по неполна година се земале: Оваа македонска пејачка има интересна љубовна приказна

Повозрасните ја паметат од времето на „Багаж“, бендот со кој го сними евергринот „Името твое“.

Наташа Малинкова е македонска пејачка со една од најинтересните љубовни приказни на естрадата.

Со нејзиниот сопруг Кире се запознале во ноќен клуб во Кавадарци во периодот кога таа имала редовни настапи токму со групата „Багаж“. 

Во истиот момент почувствувале хемија, почнале да излегуваат и по неполна година одлучиле врската да ја официјализираат.

„По една година се роди нашата прва ќерка Султана, а дури една деценија подоцна ја добивме и Емилија“, откри Наташа во едно интервју.

Сопругот на Наташа потекнува од музичко семејство. Во адолесцентните години бил диџеј.

Двојката живее во Кавадарци каде е посветена на семејниот бизнис. На Наташа не ѝ пречи што кариерата ја гради од внатрешноста. 

„Си го сакам родниот крај, тоа е едно преубаво место за живеење. Народот е гостопримлив и топол, лесно функционирам тука, а сум на само сто километри од главниот град“, појасни таа во една прилика.

Следни Објави

Масовно се споделува: Се појави нова снимка од апсењето на Коста (ВИДЕО)

Се појави снимка направена од другата страна на зградата на основното училиште „Владислав Рибникар“, а еве што се случувало таму На социјалната мрежа „Тик Ток“ се појави ново видео од апсењето на Коста Кецмановиќ (13) во училишниот двор. На снимката која со денови се споделува е Коста со двајца полицајци. […]