Се појави снимка направена од другата страна на зградата на основното училиште „Владислав Рибникар“, а еве што се случувало таму
На социјалната мрежа „Тик Ток“ се појави ново видео од апсењето на Коста Кецмановиќ (13) во училишниот двор.
На снимката која со денови се споделува е Коста со двајца полицајци. Фатен е моментот кога службениците му ја повлекуваат качулката преку глава, а на еден дел од видеото се гледа како го спуштаат на земја.
Видеото е направено од поинаков агол во однос на она што се појави на социјалните мрежи првиот ден, а кој го снимија ученици од училишниот коридор.
Коста на трети мај уби осум ученици и чуварот на ОУ „Владислав Рибникар“, а неколкумина од нив рани. Подоцна, од повредите во болница почина уште едно девојче, па бројот на жртвите на Кецмановиќ се искачи на десет.
Момчето моментално е сместено на невро-психијатриското одделение.