fbpx

Огромна тага! Познатиот пејач доживеа удар на сцена, почина на лице место

Објавено е видео од трагичниот момент

Познатиот кубански пејач и текстописец Хуан Карлос Формел почина на 60-годишна возраст. Според „Дејли мејл“, тој доживеал срцев удар додека бил на сцена за време на настап во Њујорк на 26-ти мај.

Формел беше син на музичката легенда Хуан Формел. Тој е роден во Куба, но во 1993 година се пресели во Њујорк, а откако татко му почина во 2014 година, го презеде неговото место како басист во афро-кубанскиот бенд „Лос Ван Ван“.

Неговиот брат Семјуел е тапанар во истиот бенд, додека неговата сестра Ванеса е пејачка.

Тие настапуваа заедно во Бронкс кога Хуан Карлос ненадејно се сруши во близина на завесата на задниот дел од бината откако доживеа срцев удар.

Бендот паузирал половина час, а потоа музичарите излегле пред публиката и кажале дека басистот има здравствени проблеми, но продолжиле да свират уште еден час за да ги испочитуваат присутните, се наведува во веста.

Покојниот Хуан Карлос потекнува од семејство на одлични музичари, бидејќи речиси сите негови предци биле одлични во оваа уметност. За неговиот исклучителен талент сведочи и фактот дека во 2000 година беше номиниран за Греми за неговиот деби-албум Songs from a Litlle Blue House.

Видеото од немилиот настан е објавено на „Јутјуб“ и можете да го погледнете ОВДЕ!

Следни Објави

Овој знак ќе се збогати летово: Неочекуван успех и огромен прилив

Претстојниот период носи многу промени за повеќето хороскопски знаци, но месеците што следат ќе бидат особено значајни за еден хороскопски знак. До почетокот на летото ќе ви се отворат бројни можности, а вие нема да знаете по што прво да посегнете. Добрата вест е дека среќата ќе ве следи на […]