fbpx

Ова прашање на Коста ги шокира лекарите! Убиецот од „Рибникар“ се интересира само за една личност

Коста Кецмановиќ, 13-годишното момче кое на трети мај уби девет ученици и обезбедувачот во ОУ „Владислав Рибникар“, а рани пет деца и наставничката по историја, првпат се заинтересирал за некоја друга личност, велат извори од истрагата.

Масовниот убиец од Врачар е сместен на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград, а во тек е неговото вештачење кое меѓу другото треба да утврди дали е психички здрав.

Како што дознава „Информер“ од извор од истрагата, Коста, кој е во болница од неговото апсење, досега воопшто не пројавил интерес за родителите.

„Никој не разбира како е можно детето во ниту еден момент да не праша за семејството. Тој претходно само се пожалил дека му е досадно, па побарал компјутер за да го помине времето. Но, никогаш не прашал за Владимир, за Миљана и за помалата сестра. Затоа лекарите биле шокирани кога Коста во текот на последниот разговор со нив прашал дали знаат што прави неговата сестра“, раскажува изворот на порталот.

На Коста наводно му ја кажале вистината, му рекле дека сестра му е со мајка му, но дека не знаат точно на која локација се.

„Малолетникот се замислил и одговорил: Добро е!“, вели соговорникот на „Информер“.

Доколку судот и психијатрите оценат дека Коста К. е опасен по околината, што воопшто не е спорно, тој може да остане затворен во психијатриска болница, без разлика што неговите родители евентуално би се спротивставиле и што тој кривично не може да одговара.

Извор од психијатриска установа објаснува дека сите услови за невропсихијатриско вештачење ги поставува судот.

„Судот мора да посочи што точно треба да се утврди со вештачењето. Може да бара од институција да се изјасни за целокупното ментално здравје на лицето за кое е наредено вештачењето, како и да се изјасни дали тоа лице претставува опасност за себе или за околината. Судот определува психијатар од постојаната листа на судски вештаци, а можно е да се назначат и специјализирани психијатриски установи да ја завршат работата. Вештаците потоа прават вештачење и констатираат здравствена состојба и евентуални нарушувања. Колку време ќе трае вештачењето, не може однапред да се каже, зависи од секој случај. Понекогаш е можно да се утврдат психолошки нарушувања за само неколку часа, по еден или два разговори со стручно лице, но во некои случаи тоа трае и по неколку месеци“, појаснуваат од таму.

Следни Објави

Задушница е: Овој грев го прават сите, немојте и вие

Запалете свеќа и помолете се за своите починати Православните христијани в петок и в сабота ја празнуваат Задушница. Се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. Се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница […]