fbpx

Убиецот од Младеновац има бурно минато: Овие познати убавици другарувале со него

На нови 30 дена му е продолжен притворот на 21-годишниот Урош Блажиќ, осомниченот масовен убиец од Младеновац кој на четврти мај уби осум, а рани 14 лица во полноќен напад со автоматско оружје.

Според неофицијални податоци, момчето во текот на крвавиот поход пукал кон уште тројца луѓе кои не се повредени и кои се здобиле со статус на заштитени сведоци.

Урош останува во Специјалната затворска болница во Белград за понатамошна проценка на неговата ментална состојба.

Јавноста не престанува да се интересира за личноста која ја зави Србија во црно.

Пред да го направи злосторството, Урош на социјалните мрежи се претставувал како „жесток фраер“, а како што можевме и да се увериме во едно видео кое беше објавено на „твитер“ идол му бил докажаниот криминалец Кристијан Голубовиќ.

Најдобар пријател му бил Никола Ѓорѓевиќ, ѕвезда од српското реално шоу „Задруга“.

Пред некое време се пофалил дека е во врска со словенечката старлета Дениз Дејм.

Се појавија и фотографии на кои се гледа дека тој навистина е во друштво на девојката позната по своето недолично однесување. Сликите се од забава на која се присутни осомничениот убиец Урош, Дениз Дејм и Филип Цар.

Но, како што пишуваат српските медиуми, Дениз не била единствената старлета со која разменувал нежности. Софија Уна Маниќ ја поминала целата вечер со Урош во еден ноќен клуб, непосредно пред крвавиот поход.

Блажиќ бил познат по недоличното однесување и во родниот крај.

„Тој е ненормален, како и неговото семејство. Знам дека еднаш беше уапсен за муниција. Сакаше сплавови, идол му беше Кристијан Голубовиќ. Возеше мотор, ќе влезеше во селото со 200 километри на час. Само така го гледавме“, открија мештаните кои го познавале.

Следни Објави

Цеца објави видео со Анастасија: Преубава причина за радост по трагичните вести за загубата на бебето

Светлана Ражнатовиќ-Цеца на својот инстаграм-профил објави серија снимки од периодот кога се роди нејзиното прво внуче Жељко, постариот син на Вељко Ражнатовиќ. Таа всушност објави неколку видеа на стори на нејзиниот профил направени од администраторите на нејзината фан-група, за да му го честита третиот роденден на внукот. Речиси во секое […]