fbpx

Цеца објави видео со Анастасија: Преубава причина за радост по трагичните вести за загубата на бебето

Светлана Ражнатовиќ-Цеца на својот инстаграм-профил објави серија снимки од периодот кога се роди нејзиното прво внуче Жељко, постариот син на Вељко Ражнатовиќ.

Таа всушност објави неколку видеа на стори на нејзиниот профил направени од администраторите на нејзината фан-група, за да му го честита третиот роденден на внукот.

Речиси во секое видео, фановите ја вметнаа и извиканата снимка на Цеца со нејзината ќерка Анастасија кога позираат насмеани и најавуваат дека нивната снаа Богдана се породила.

Токму овој дел од видеото го привлече вниманието на многумина, бидејќи Анастасија моментално поминува низ исклучително тежок период откако го загуби нејзиното прво бебе.

Да потсетиме, Анастасија и нејзиниот избраник, фудбалерот Немања Гудељ, неодамна со јавноста ја споделија тажната вест за загубата на нивното дете. Од тој момент, младата пејачка целосно се повлече од социјалните мрежи и од јавноста, а како што објавија медиумите, пред два дена се вратила од Шпанија во Србија, бидејќи сакала да биде блиску до семејството во овие тешки моменти.

Следни Објави

Еден месец од трагедијата во „Рибникар“: Коста бил опседнат со ОВА, на лекарите им признал сè

Измина точно еден месец откако 13-годишниот Коста Кецмановиќ изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“. Десет семејства останаа без своите најблиски. Родителите на децата кои учеа во ОУ „Владислав Рибникар“ никогаш повеќе нема да ги видат своите ќерки и синови. Како и зошто се случи ова, истрагата засега малку […]