fbpx

Денеска е голем и тежок ден: Само ОВА е лек за душата и телото!

Православните христијани на трети јуни го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите.

Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп Св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш ги рехабилитира душата и телото, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена.

СЕ ВИКАМ ЕЛЕНА: ОТКРИЈТЕ ГО ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЕТО ИМЕ!

Според едно предание, Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот Свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, ѝ пораснала убава и густа коса.

„Оттогаш на празникот на Свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу“, заклучува народниот раскажувач.

Следни Објави

Македонија тагува! Почина актерот Трајче Ѓоргиев

Почина актерот Трајче Ѓоргиев. Тажната вест ја споделија од Македонскиот народен театар и истата ви ја пренесуваме во целост. Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот колега и пријател – актерот Трајче Ѓоргиев. Ѓоргиев дипломира на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во […]