fbpx

Среде програма во живо почина познатиот водител: Иван, почивај во мир!

Музичкиот уредник на „Хрватско радио“, Иван Дворжак, почина синоќа на своето работно место.

Нешто пред полноќ му се слошило додека бил на „смена“, а брзата помош која веднаш реагирала можела само да констатираат смрт, јавуваат тамошните медиуми.

Според неофицијални информации, на ХРТ гостувал и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, кој заедно со вработените, кои исто така биле сведоци на ненадејната смрт, излегол од студиото.

„Се шегуваше, ги засмејуваше другите и од чиста мира само се сруши. Неговите колеги пробаа да го реанимираат, веднаш повикаа брза помош, а потоа дојде и градоначалникот. Повика форензичар и вештак и цело време чекаше со колегите да дојдат“, дознава „24сата“.

Во меѓувреме се огласија и од кабинетот на градоначалникот.

„Гостуваше во Дневникот и сосема случајно се затекна на овој немил и трагичен настан. Тој наишол на потресените работници кои му рекле дека нивниот колега колабирал. Веќе бил починат. Градоначалникот направи се’ што можеше во тој момент“, велат од кабинетот.

Иван имаше само 50 години, а беше омилен меѓу колегите.

„Тешко ми е да зборувам за колега што секојдневно го гледав преку масата, со кој секојдневно коментирав музика, нови и стари песни, пејачи, музичари. Често ме воодушевуваше со своите гледишта и толкувања. Беше голем познавач на домашната и странската песна, човек посветен на музиката, кој секогаш го бараше најдоброто во музичките дела“, вели неговиот долгогодишен соработник Роберт Урлиќ.

Следни Објави

Македонија тагува! Нè  напушти малата Ана, уште еден ангел одлета

Деветгодишната Ана Аргировска од Куманово ја загуби животната битка. За малата Ана, која пленеше со својата насмевка, се собираа парични средства за продолжување на започнатото лекување на ретка и тешка болест во Турција. „Драги роднини, пријатели и сите добри и хумани луѓе, со огромна жалост ви соопштуваме дека нашата најмила […]