fbpx

Цела Југославија ѝ се восхитуваше: Ѝ се случи трагедија, еве каде исчезна

Маја Сабљиќ важеше за една од најубавите и најзгодните актерки во Југославија.

Кариерата ја почна уште во далечната 1979 година, а веќе во 1993 година се пресели во Лос Анџелес каде живееше на висока нога во луксузен кварт помеѓу Холивуд и Беверли Хилс, пишува српски „Курир“.

Публиката ја памети по филмовите „Пази шта радиш“, „Друга Жикина Династија“ и „Камионџије опет возе“, но и по тв-сериите „Подобар живот“ и „Лавиринт“.

„Повеќе не размислувам за оние две децении поминати во кинематографијата, како тоа да беше во некој друг живот. Во тоа време беше многу поубаво, многу поинакво, се почитуваа други вредности“, изјави Маја во едно интервју.

Беше во брак со американскиот бизнисмен со српско потекло, Ѓорѓе Зечевиќ, се’ до неговата прерана смрт. Немаа деца, па призна дека по семејната трагедија се чувствувала премногу осамено, па дури и дека помислувала на најлошото.

„Никогаш не успеав да се опоравам“, призна таа во една прилика.

Сабљиќ не се откажа комплетно од глумата, но многу ретко прифаќа такви ангажмани. Последен пат на екраните се појави во серијата „Јунаци нашег доба“ на Синиша Павиќ.

Фото: Курир/Марина Лопичиќ

Следни Објави

„Прекрасна мајка на три деца“: Колегите се простуваат, актерката почина на 32 години

На 32-годишна возраст почина ѕвездата на шоуто Wild ‘N Out, комичарката Жаклин Смит. Популарната Џеки О почина во Мајами каде што престојуваше со нејзината мајка. По трагедијата се огласија продуцентите на познатото шоу. „Многу сме тажни поради смртта на Жаклин Смит, попозната како Џеки О, талентирана членка на семејството Wild […]