fbpx

Трагедија! Навивач падна од трибините, почина на лице место (ВИДЕО)

Натпреварот од аргентинското првенство меѓу Ривер Плата и Дефенса Јустиција бил прекинат поради бизарна смрт на навивач на домашната екипа.

Несреќниот навивач кој се наоѓал на самиот врв на трибината, односно во последниот ред, паднал од голема височина и останал мртов на лице место, пренесуваат локалните медиуми.

Кога дознале за трагедијата, организаторите на натпреварот одлучиле истиот да го прекинат, па судијата Фернандо Рапалини ги повлекол тимовите во соблекувалната.

„Прашав што се случило и организаторите ми кажаа дека навивач паднал од трибината. Потоа ме замолија да ја прекинам играта и тоа го направив“, изјави судијата Рапалини по натпреварот.

Гледачите набрзо биле известени дека натпреварот нема да продолжи. Стадионот целосно се испразнил за само половина час.

Полицијата и обвинителот веќе се на терен. Се очекуваат детали за трагедијата, а се’ уште не е познат ниту идентитетот на загинатиот навивач.

Натпреварот треба да продолжи за два дена, а пред вонредниот прекин беше 0:0.

Следни Објави

По кусо боледување почина Плавевски: Нека ти е светол патот, драг наш Ласки!

На 69-годишна возраст, по кусо боледување, почина карикатуристот, историчар на уметноста, куратор и ликовен критичар Лазо Плавевски. Тажната вест ја потврдија и од Музејот на современата уметност-Скопје. Нивната објава ви ја пренесуваме во целост. Со длабоко жалење ја известува јавноста, нашите пријатели и поддржувачи дека по кусо боледување, нѐ напушти нашиот […]