fbpx

Давам отказ! Потресно сведоштво на Ружица, сестра во струшката болница

Почитувани пријатели, почитувана јавност.. Добро утро! Постов ќе ве молам да го прочитате до крај..

Со насмевка ја облеков оваа униформа за да му служам на народот! Од денес давам отказ од ЈЗУ Општа болница Струга-Интерно одделение! Изјавите се спремни за целокупното малтретирање, навредување, закани на јавни површини од менаџерката на болницата! Мојот образ е чисти на ниту една политичка партија г’з под кирија не сум дала!

На кој му гори под нозе нека оди по штабови и нека ви собира гласови! Мојата работна задача е пациентите да ја добијат најдобрата нега која е еден од најбитните фактори после терапијата за нивно побрзо и поквалитетно закрепнување! Не дозволувајте никогаш, ама баш никогаш некој да ви стапнува на вашата чесност, професионалност, само за да дојдат до лична нивна корист! Најбитно во животот е здравјето и чистиот образ.

До кодошите кои истата сама се пофали дека ги има и дека ме „кодошеле“, сакам да ги прашам истите зарем не се срамат од таков збор?! Да ве нарекуваат кодоши е нешто најмизерно! Кога облекувате медицинска униформа, вие и вашето однесување, одговорност, е лицето на болницата. Значи вие ја претставувате болницата. И имате тешка задача во однос на истата. Сакам прво да им се заблагодарам на сите пациенти, кои што душата ми ја грееја со нивната насмевка кога ќе дојдев на мојата смена и честопати велеа: Еве ја нашата дојде, ќерко стигна ли?

Благодарам до директорот Арменд кој беше горд на мене пред се’ како човек, а после и како медицински работник.. Голема благодарност до докторите кои навистина им беше жал за сето ова и ја имав огромната поддршка да останам. Благпдарност до моите колешки, кај кои мојот труд беше ценет. Благодарам до втората главна сестра Снеже која што секоја моја капка пот ја ценеше, моето знаење и вештини.

За сите други останати кои облековте униформа, мислејќи дека сте Бог, токму вашата менаџерка ве нарекува шпиони.. Па, вие сега размислете. Сакам јавно да му честитам на новиот началник Д-р Александар, кој исто така ја пружи својата поддршка кон мене како работник.. Ги молам сите засегнати кои се нашле во ваква позиција, а газот не ви е даден под кирија партиски, не дозволувајте никој да ви ја понижува униформата! Вие сте образот на таа институција..

Морам да напоменам.. Од 2015 па се до пред десет дена константно носев донации за самите пациенти да имаат што поудобен престој!

Ве поздравувам господине министре Фатмир Меџити, па немојте да се чудите зошто сиот квалитетен персонал напушта..

Фејсбук-статус на Ружица Матлиеска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Магнет за неочекувани пари: Три знаци со најголеми шанси за добивка

Некои хороскопски знаци едноставно имаат повеќе среќа од другите и се чини дека се магнет за пари. Божицата Фортуна ги следи на секој чекор, а игрите на среќа им носат неверојатни добивки. Во продолжение ви ги пренесуваме трите хороскопски знаци кои имаат најголеми шанси да добијат на лото. Стрелец Стрелците […]