Некои хороскопски знаци едноставно имаат повеќе среќа од другите и се чини дека се магнет за пари.
Божицата Фортуна ги следи на секој чекор, а игрите на среќа им носат неверојатни добивки.
Во продолжение ви ги пренесуваме трите хороскопски знаци кои имаат најголеми шанси да добијат на лото.
Стрелец
Стрелците се родени како победници, без разлика дали станува збор за примање подароци или играње игри на среќа. Кај нив има природна леснотија, а со оглед на тоа што ги краси неверојатен оптимизам, не се плашат да се обложуваат на големо и да ризикуваат се’.
Нивната смелост редовно се наградува. Прекрасното нешто во врска со претставниците на овој огнен знак е што сакаат да споделуваат. Кога имаат тие, имаат и сите околу нив.
Јарец
Среќата доаѓа етпано кај Јарците. Затоа секогаш имаат стратегија и остро око за нови можности. Најработливите од земјените знаци, тие учат да создаваат сопствена среќа и да ги задржат своите придобивки.
Риби
Рибите се најсреќниот хороскопски знак кога се во прашање добивките од игрите на среќа. Минатата година тие освоија повеќе добивки на лотарија од кој било друг знак, односно 11,6 отсто од сите добивки.