fbpx

Немил настан ја врати дома: Маријана допатува од Австралија, сите се молиме за него

Поранешната македонска пејачка Маријана Новачевска која со децении живее и работи во далечната Австралија, по неполни четири години е повторно дома, во својата татковина.

Сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска ретко дава изјави за медиумите, но овојпат специјално за „Слободен печат“ ја откри причината зошто баш сега допатува во Македонија.

„И покрај тоа што за 25 години никогаш не сум дала интервју, овој пат сакам да кажам дека сум овде најмногу за да си ги видам моите најмили родители, семејството на сестра ми и моите внучиња Ноах и Матео. Но, пред сѐ, да бидам покрај нашиот татко кој веќе неколку месеци има здравствени проблеми, и еве како еден немил настан може да ги наруши нашиот мир и спокој. Се надевам дека со Божја помош ќе го надминеме овој проблем“, вели Маријана за „Слободен печат“.

Маријана во Мелбурн работи како медицинска сестра на Клиника за стоматологија. Последен пат за македонски медиум се огласи лани кога проговори за смртта на поранешниот сопруг, легендарниот македонски композитор Тоде Новачевски кој почина по долго и тешко боледување, а од кого има две деца.

Таа за ММС си ја отвори душата и проговори за најболното време кое го поминала со него пред да замине засекогаш.

„Тоде трпеше голема болка и последните денови му ја дуплираа дозата. Пред крајот лекарот ми кажа дека тој веќе не е свесен за да контактира со нас, но дека може да не слушне. Тогаш, му ставив слушалки и на мобилниот му ги пуштав сите наши заеднички песни за да ги слуша. Беше премногу слаб за да реагира, само му течеа солзи низ образите. Плачеше тој, а плачев и јас. Се изнаплакавме заедно во болница. Тешко е, многу е тешко, и за мене и за децата и за целото семејство. А најмногу е тешко за него, истрпе многу големи болки. Животот навистина пишува романи, а секоја страничка е борба и надеж. Ние сите никогаш не престанавме да го сакаме нашиот Тоде“, раскажа лани Маријана.

Следни Објави

Вторник по Духовден: ОВА ставете го в џеб за среќа и бериќет преку целата година!

Денеска е Вторник по Духовден, ден сам по себе важен и тежок ден, ден со многу обичаи. И денеска се плетат венци од трева и цвеќе, а за добра среќа, љубов и напредок многумина истите ги ставаат во торба, в џеб или во ташна. Духовден е христијански празник посветен на […]