fbpx

Пет години се грижев за него, но повеќе немав сила: Болна исповед на Маја Оџаклиевска за аутистичниот внук

Маја Оџаклиевска престана да пее и речиси целосно се повлече од сцената. Таа му се посвети на семејството, замина подалеку од градската врева, а главната причина поради која комплетно ѝ се промени животот е нејзиниот внук Лука, кому пред седум години му беше дијагностициран аутизам.

„Мојот животен сон беше да имам куќичка со цвеќе. Никогаш не сум мечтаела да имам палати, троспратни вили и замоци. Сега во овие години е подобро и полесно да се исчисти мала квадратура. Презадоволна сум“, изјави Маја во емисијата „Како секој нормален свет“ која со години ја води Тања Петернек.

Така Маја Врачар и зградите ги замени со птици што црцорат и зеленило. Живее на село, во околината на Велика Плана, има бавча што ја негува, а има и домати кои не ги прска бидејќи се заштитени со копривите што растат таму.

Пејачката внимава на секој детаљ, куќата е опкружена со растенија, а најомилено катче ѝ е терасата од која се нуди прекрасен поглед на природата и на која пејачката го пие првото утринско кафе.

Маја отворено разговараше со Тања Петернек за борбата за подобро утре на нејзиниот Лука. Поради него, првата работа што ја направила кога се преселила во селото била да закачи лулашка.

„Неговиот аутизам го препознав кога имаше две години. Отпрвин се криеше каде што беше темно, најмногу под масата или под јорганот, и врескаше ако го допреа. Често имаше хистерични напади. Всушност, јас така ги доживував, за подоцна да сфатам дека нешто се случувало во неговата глава што го терало да изгледа како да е лут. Имаше напади до исцрпување, често помодруваше од нив. Тоа беа страшни работи, моравме да се справиме“, искрено раскажа Маја.

Бидејќи ќерка ѝ не можела повеќе да издржи, решила таа да се грижи за Лука.

„Бев со него скоро пет години. Минатата година ѝ го „пренесов“ на ќерка ми, едноставно немав повеќе сила да се грижам за него“.

На прашањето каков е односот меѓу баба и внук, Маја вели-совршен!

“Кога преку Вибер ќе му кажам „каде е мојот принц“, се насмевнува и се радува. За жал, тој е невербален, но толку многу кажува со две насмевки и три погледа, што слатко си „муабетиме“. Се чувствуваме и преку музиката. Сакаме да го слушаме Моцарт заедно. Има една снимка што често си ја пуштам често, на неа се гледа како пее на таа музика. Многу е сладок“, вели Оџаклиевска.

Маја, „бабата херој“, која го има и двегодишниот внук Константинин, вели дека нејзиното срце е полно со тага бидејќи повеќе не може да му помага на Лука.

„Понекогаш посакувам да имам магично стапче кое ќе му помогне да продолжи со својот живот. И тогаш мислам, што е животот во суштина, тој е полн со негативност, агресија, омраза. Можеби за него е подобро да живее во свој свет на бајки и илузии, кои ние како семејство му ги обезбедуваме. Заштитен е од се’ низ што минуваат другите деца, бидејќи ние како родители не успеавме да им обезбедиме животна сигурност на нашите деца. Можеби е подобро Лука да е некаде далеку, а сепак блиску до оние што најмногу го сакаат“, завршува пејачката.

Следни Објави

Почина легендарниот актер, неговата сопруга ја потврди тажната вест

Почина холивудскиот актер Бери Њуман. Тажната вест ја потврди неговата сопруга Анџела соопштувајќи дека починал од природна смрт. Публиката најмногу го памети по филмот Vanishing Point. Легендарниот режисер Стивен Спилберг во една прилика го опиша овој филм како еден од неговите омилени. Њуман беше ѕвезда и на драмската серија „Петрочели“ […]