fbpx

Едно нешто ќе ве замолам: Трогателно писмо на мајка

Драги мои деца!

Ќе дојде ден кога повеќе нема да бидам на овој свет. Ќе оставам сè што сум стекнала, па и вас. Ќе остане многу позади мене, но едно нешто сакам да ве замолам.

Не се расправајте за куќата што ја оставам, таа ќе остане и после вас и повторно ќе му припадне на некој друг, затоа што и вие како мене нема да можете да ја земете на овој пат кадешто сега заминувам.

Кога ги делите моите порцелански садови од кои јадевме кога се собиравме околу трпезата за секој празник, не заборавајте дека и тие еден ден ќе им припаднат на некој друг. Одржувајте ја традицијата и продолжете го семејното собирање за празниците.

Никогаш не кажувајте лажни сведоштва за вашиот или за нечиј туѓ брат. Отворете ја устата исто толку колку што ја отворате за парче леб. Не се расправајте за материјалните работи, не дозволувајте парите да бидат повредни од вас.

Сетете се на вашата мајка која ве задоила со љубов, не мразете никого, не понижувајте ги слабите и бегајте од злото.

Споделете ја убавината..

Споделете ја љубовта..

Нека вашите дела зборуваат повеќе од вашите зборови.

Не се отуѓувајте еден од друг!

Запомнете дека во еден стомак ве носев сите.

Не заборавајте дека секој дошол на овој свет без ништо и без ништо и си заминува. Така воспитувате ги и вашите деца и не жалете за мене.

Наместо солзи и плачење, доволна е тивка молитва за мојата душа. Можеби вашата молитва ќе ми ги отвори вратите на небото..

Што е со мене?

И понатаму ќе ве чувам, само од другата страна каде еден ден повторно ќе се сретнеме и ќе останеме заедно во вечноста.

Ве сака, вашата МАЈКА

Следни Објави

Не откривај си ја душата пред сите! Мудра приказна која ќе ви го промени животот

Mлада и многу лична девојка отишла кај еден мудрец целата облеана во солзи. – Што да правам? Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, да помагам кај што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури и некои луѓе […]