fbpx

Не откривај си ја душата пред сите! Мудра приказна која ќе ви го промени животот

Mлада и многу лична девојка отишла кај еден мудрец целата облеана во солзи.

– Што да правам? Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, да помагам кај што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури и некои луѓе се отворено непријателски настроени кон мене. За ништо не сум виновна, посоветувајте ме што да правам..- го прашала таа.

Мудрецот ја погледнал со насмевка и ѝ рекол:

– Соблечи ја облеката и оди во градот така!

– Ти луд си?!

– Ете гледаш, ли! – мудрецот се насмевнал повторно.

– За да го покажеш голото тело на луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш во светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој кој сака, влегува во твојот живот и ги гледа твоите достоинства како одраз на сопствените пороци. Така тој почнува да се обидува да те навреди, да те наклевети и понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него. Погледни ги овие убави цвеќиња! Се грижев за нив многу години и ги наводнував, но никогаш не ги видев нивните пупки, иако уживам во убавината и аромата на секое од нив. Биди како цвет – откривај го своето срце пред луѓето полека и незабележливо. Погледни кој е достоен да ти биде пријател и да правиш добро за него. Девојко, не фрлај ги твоите бисери пред свињите – ѝ порачал мудрецот.

Следни Објави

Невеста како од списание: Ели Танасковска ја омажи ќерката (ФОТО)

Бајковита прослава со сите адети Водителката и уредничка во македонскиот национален сервис, Ели Танасковска, викендов имаше посебна причина за радост. Таа во сабота на трети јуни ја омажи ќерката Леона која, судејќи по фотографиите кои на „Фејсбук“ ги сподели еден од сватовите, била прекрасна невеста. Танасковска има уште една ќерка, […]