fbpx

Ненадејно почина познатата акатерка, семејството со трогателни зборови: Нè научи дека животот..

Ријалити-ѕвездата и актерка Ана Шеј вчера почина ненадејно на 63-годишна возраст.

Причината за смртта е мозочен удар, соопшти семејството.

„Со голема тага во срцата ве информираме дека нашата сакана мајка, баба, нашата најхаризматична ѕвезда и најсветол сончев зрак почина на 63-годишна возраст од мозочен удар. Ана нè научи многу животни лекции, да не го сфаќаме животот премногу сериозно и да уживаме во пофините работи. Нејзиното влијание врз нашите животи нема никогаш да се заборави“, пишува семејството, пренесува „Пипл“.

На 16 август 2006 година, Ана и нејзиниот брат ја продадоа компанијата на нивниот татко, Pacific Architects and Engineers, на Локхид Мартин за 1,3 милијарди долари.

Таа го имаше своето телевизиско деби на 15 јануари 2021 година како дел од оригиналната екипа на реалното телевизиско шоу Bling Empire на „Нетфликс“. Брзо стана омилена на публиката и беше прогласена за ѕвезда во подем. Втората сезона беше премиерно прикажана лани на 13 мај, а третата сезона на петти октомври.

По тажната вест за нејзината смрт, многу пријатели, познаници и обожаватели се простуваат од Ана Шеј со потресни објави на социјалните мрежи.

Ана е родена на 31 декември 1960 година во Токио, како дете на американскиот бизнисмен Едвард Алберт Шеј и на Аи Оизума Шај, која е дел Јапонка, дел Русинка. Зад себе го остави синот Кени Кемп.

Следни Објави

Македонија тагува! Почина голем уметник! Господин во секој смисол, таков нема повеќе да се роди!

Тажна вест денеска соопшти Националната опера и балет. Почина Иван Василевски-Чиче, член на Оркестарот на НОБ. „НУ Национална опера и балет со жалење ја прими веста за заминувањето на Иван Василевски-Чиче, тубист во пензија од Оркестарот на Националната опера и балет. Музичар кој 33 години ги посвети на музиката и […]