fbpx

Почина пејачката која со една песна го промени светот: Трогателна посвета од внуката

Бразилската боса-нова пејачка Аструд Жилберто, најпозната по песната „Девојката од Ипанема“, почина на 84-годишна возраст, соопшти нејзината внука Софија.

Една од најголемите бразилски ѕвезди во 1960-тите и 1970-тите сними 16 албуми и работеше со уметници како Квинси Џонс и Џорџ Мајкл.

Нејзината верзија на „Девојката од Ипанема“ се продаде во повеќе од пет милиони примероци и помогна да се популаризира боса-нова музиката во светски рамки, пишува Би-Би-Си.

„Тука сум да ви соопштам тажна вест дека мојата баба денес стана ѕвезда, покрај мојот дедо Жоао Жилберто. Таа беше пионер и најдобра. На 22 години го даде својот глас на англиската верзија на „Девојката од Ипанема“ и стекна меѓународна слава“, напиша внуката Софија која исто така се занимава со музика.

Веста на „Фејсбук“ ја потврди и Пол Ричи, гитарист од Њујорк кој соработуваше со Жилберто. Тој напиша дека Аструд била важен дел од комплетната бразилска музика во светот и дека со својата енергија променила многу животи.

Во 1963 година, таа го придружувала нејзиниот сопруг во Њујорк за да му помогне како студиски преведувач додека тој снимал албум со џез-легендата Стен Гец. Кога бендот дошол да го сними англискиот текст за „Девојката од Ипанема“, им требало вокал, а Жилберто срамежливо ѝ предложил да ја отпее оваа песна.

Продуцентот Крид Тејлор сакал веднаш да ја заврши песната, а Аструд била единствената во студиото која можела да пее на англиски, иако во тоа време не била професионална пејачка.

Имала малку време да се подготви, но нејзиниот вокал совршено ја долови „високата, исончана, млада и прекрасна девојка по која сите се вртат“.

Следни Објави

Ненадејно почина познатата акатерка, семејството со трогателни зборови: Нè научи дека животот..

Ријалити-ѕвездата и актерка Ана Шеј вчера почина ненадејно на 63-годишна возраст. Причината за смртта е мозочен удар, соопшти семејството. „Со голема тага во срцата ве информираме дека нашата сакана мајка, баба, нашата најхаризматична ѕвезда и најсветол сончев зрак почина на 63-годишна возраст од мозочен удар. Ана нè научи многу животни […]