fbpx

Редовно водевме љубов: Кога открив што прави секое утро, се стаписав!

Проблемите во бракот се нормална појава. Не можеме да очекуваме дека никогаш нема да имаме конфликти со партнерот.

Една Британка неодамна раскажа како после само една година живот во заедница, речиси и да нема односи со сопругот.

„Првите месеци беа одлични. Редовно водевме љубов, дури и по неколкупати на ден, претежно на негова иницијатива. Просто беше невозможно да легнеме да спиеме или наутро да се разбудиме без да имаме однос. Не бев како повеќето жени и секогаш ги задоволував неговите потреби. Се случуваше едно мое најобично движење да го возбуди“, ја започнува таа својата приказна.

Проблемот настанал по шест месеци брак, кога мажот го променил работното место.

„Претходно беше ангажиран како физички работник и постојано беше уморен, но тоа не му претставуваше проблем, ниту влијаеше на нашиот сексуален живот. Новата работа му е канцелариска и на терен каде повеќе психички се заморува, но многу се движи меѓу луѓе и често патува. Односите станаа многу поретки, сега ги имаме еднаш во три дена, а понекогаш и само еднаш неделно. Тоа ме натера се’ повеќе да размислувам дали се презасити од мене или во прашање е друга личност. Секоја вечер ми вели дека е уморен и заспива пред телевизорот. Сега сите односи се на моја иницијатива и важно му е орално да го задоволам. Ми посветува севкупно само неколку минути“, раскажува оваа жена.

Последните неколку денови работите драстично се смениле кога го фатила како гледа порно филмови пред да замине на работа, додека таа спие.

„Го прашав зошто има потреба од тоа, ако претходната ноќ сме воделе љубов. Неговиот одговор беше дека се навикнал да ги гледа уште додека бил ерген и дека сака повремено и на тој начин да се задоволи. Знаев дека тоа не е точно, бидејќи го фатив како тоа го прави секое утро во купатилото. Кавгата беше неизбежна, па наеднаш почна да се брани како јас не му се посветувам доволно. Неговото оправдување нема смисол, бидејќи сум бремена и имам многу поголема потреба од односи од претходно и речиси секој ден му приоѓам со истата намера. Бидејќи сега сум прилично чувствителна, тоа ме навредува. Се’ повеќе сум уверена дека има некоја друга“, ја завршува приказната оваа несреќна жена.

Следни Објави

Водевме љубов на маса, а потоа ми го упропасти животот

Британец се нашол во непријатна ситуација откако водел љубов со една девојка. Тој одлучи јавно да го сподели тоа што го доживеал. „Имам 27 години и работам во паб. Си ја сакам работата, но ми одзема премногу време, па нема многу прилики да запознаам некого. Сингл сум веќе со години, […]