fbpx

Убиено девојче (3), осомничени се таткото и маќеата: Откриена мрачна тајна, двојката е од Србија

„Среќен пат, ангелче мало“ се зборовите со кои најблиските се збогуваа со тригодишното девојче за чие убиство во Швајцарија се осомничени нејзиниот татко и маќеата, инаку брачена двојка од Србија.

Детето починало минатиот петок, а на телото биле пронајдени бројни повреди, најверојатно од физичко малтретирање. Плишано животно и неколку свеќи биле оставени пред зградата во која живеело девојчето. Форензичарите од станот ги изнесуваат доказите во неколку кеси и пластични вреќи.

За многумина судбината на оваа девојка е неразбирлива. Така е и за поранешниот работодавец на нејзиниот татко.

„Толку се бореше детето да му се врати од згрижувачко семејство“, изјави за „Блик“.

Таткото (24) пред околу три години бил вработен како помошник-монтер на системи за вентилација во неговата фирма. Таму работел до декември 2022 година.

„Беше посветен работник. Повремено отсуствуваше, но само затоа што одеше на интервјуа со надлежните. Еднаш едноставно исчезна. Тогаш му предложив да бара работодавец кој е малку пофлексибилен. Никогаш не покажуваше знаци на насилство. Не можеме да замислиме дека си го убил детето. Ги запознавме и другите две деца, а жената двапати беше на нашата божиќна вечера. Сè изгледаше нормално. Затоа сето ова за нас е незамисливо“, вели поранешниот шеф.

Бабата и дедото на девојчето откриваат дека таа е плод на вонбрачна врска на нејзиниот татко. Според нив, биолошката мајка не можела да се грижи за детето.

„Мајката не се грижеше за неа, а детето било повредено за време на престојот во згрижувачкото семејство, поради што било пренесено во болница. Тогаш синот одлучи да ја земе. Маќеата ја прифатила како да е нејзина ќерка“, тврди бабата на девојчето.

Велат дека за смртта на внуката дознале дури од медиумите. Посочуваат и дека не знаат каде се однесени момчињата по трагедијата.

Ниту бабата и дедото, ниту пријателите на семејството не можат да објаснат како можело да се случи убиството на девојчето. Двојката делувала среќно и редовно објавувала семејни фотографии на социјалните мрежи. На денот на смртта на девојчето, таткото објавил слики од трите малечки, на кои децата позираат во близина на водопад на Рајна.

Следни Објави

Три желби ќе ви се исполнат: Денес е голем празник, еве што да направите!

Според Православниот календар денес се празнува Третото наоѓање на главата на свети Јован Крстител. Во времето на прогонството на светиот Јован Златоуст, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Емеса. Оттаму, во времето на нападот на Сарацените таа беше пренесена во градот Комане (каде што беше прогонет светиот […]