fbpx

Скандал! Се појави снимка, се степаа двајца македонски директори

На социјалните мрежи се појави скандалозна снимка, но истата беше експресно избришана.

На видеото, направено во ноќен клуб во центарот на Кавадарци, се гледа тепачка помеѓу две лица.

Возрасните мажи кои се тепаат, а потоа присутните ги разделуваат, се директори во две основни училишта во градот, јавија повеќе македонски медиуми.

„Заради дрското, недолично однесување на носители на јавни функции ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се превземе одговорност и да си поднесат морални оставки, градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директори на основни училишта“, беше напишано под видеото кое повеќе не е достапно на социјалните мрежи.

Според последните информации, директорите кои биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето и поради нарушување на јавниот ред и мир, биле под дејство на алкохол.

Наводно, станува збор за директорот на ОУ „Димката Ангелов-Габерот и директорот на ОУ „Тошо Велков-Пепето“.

Следни Објави

Тажен ден во Македонија! Тања, почивај во мир, вечно ќе живееш во нашите срца

Не стивнуваат реакциите во јавноста по прераната смрт на Татјана Петрова Павлова, 47-годишната жена која вчера им подлегна на повредите откако доживеа страшна сообраќајна несреќа во тунелот кај Демир Капија. Владејачката СДСМ вчера со едноминутно молчење се прости од својата активистка и сопартијка, а сега се огласи и општинскиот огранок […]