Нашата Славица Ангелова го даде своето прво интервју откако синоќа триумфираше во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Младата струмичанка, меѓу другото, проговори и за односот со нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид.
„Поминавме многу моменти, и добри и лоши. Имаше ситуации кога не се согласувавме. Еднаш ме искритикува затоа што погрешив и ми дојде да заплачам, но потоа сфатив дека бил во право. Тој е тука за да ме поправи и мислам дека тоа е најправилниот начин кој еден ментор треба да го прави за да се дојде до успехот“, рече Славица.
Зборувајќи за нејзините планови во иднина, Славица порача дека останува фокусирана на студиите по медицина во Софија.
Српските медиуми очекувано се заинтересираа и за приватниот живот на победничката, но Ѓорге Давид не ѝ дозволи да зборува на таа тема.
Во продолжение слушнете го целиот разговор.
А, како Славица изгледала со кратка коса, погледнете ОВДЕ!