Погребот кој пред пет дена се одржа на градските гробишта во Чачак предизвика невиден интерес кај жителите во градот на Морава, но и во целиот регион.
Српски „Курир“ веќе пишуваше дека на погребот на еден 54-годишен жител присуствубале сите три негови сопруги, сегашната и двете поранешни, сите заедно примале сочувство држејќи се за рака и меѓусебно се тешеле. Таа сцена им останала врежана на роднините и пријателите, па приказната брзо се прошири и се’ уште се прераскажува.
Она што следувало по погребот вистински ги подгреа чаршските муабети.
„Да не видев се’ со свои очи и да не научев некои работи од моите блиски луѓе, немаше да верувам дека тоа може да се случи“, раскажува еден од роднините.
„Еј, можеш да помислиш каков човек навистина бил тој што „успеа“ да ги соедини своите три жени кои дојдоа заедно со нивните деца да го испратат на вечното почивалиште. Некои едвај издржуваат со една жена, но него го оплакуваа дури три. Сите многу убави, привлечни.. Замислете, заедно платиле се’ што требало финансиски да се покрие за погребот! Човек да се прекрсти и со лева и со десна“, коментира друг роднина.
Сега заедно подготвуваат и седумдневен помен, коментираат со неверување.
Единственото нешто за кое не се договориле лесно, а за кое „Курир“ веќе пишуваше е чие име ќе стои прво покрај имињата на трите деца на некрологот. На крајот решиле да не вклучат ниту едно од нив, туку да ги наведат само децата како членови на ужаленото семејство.
Илустрација: Шатерсток