Се верува дека 29-годишната Кира Кент страдала од болка во умниците. Полицајците кои храбро се бореле да го спасат животот на оваа млада жена велат дека доколку брзата помош пристигнала порано на местото на настанот, можеби исходот не би бил трагичен
Кира Кент, мајка на пет деца од Обединетото Кралство, починала откако земала кокаин и се обидела да си ги извади забите, брифира извор од истрагата. И покрај „храбрите“ напори на двајца полицајци да ја спасат, таа се упокоила во нејзиниот дом во Корнвол во јули минатата година.
На почетокот на неделава истрагата откри нови моменти, дека жената покажувала „бизарно и необично“ однесување по употребата на лекот кој вообичаено се користи како стоматолошки анестетик. Пораките од телефонот на Кира сугерираат дека таа имала проблеми со болки во умниците, а тоа го потврди и посмртниот извештај.
Детективката Линдзи Корк изјавила дека обдукцијата покажала дека Кира ги ставила рацете во уста и си нанела значителни повреди. Во извештајот се забележани и гребнатинки и исеченици кои укажуваат дека несреќната жена сама си ја „тегнела“ кожата. Според детективот, партнерот на Кира, Лиам Крабтри, повикал полиција откако се загрижил за неа.
„Лиам рече дека Кира се однесува бизарно и хистерично. Тој им кажа на полицајците дека јаделе скара претходно истиот ден и дека и двајцата земале кокаин откако нивните гости си заминале и децата си легнале. Кира се качила горе во куќата. Кога не се вратила долу, нејзиниот загрижен партнер отишол да види што се случува. Ја нашол Кира како лежи на перницата, опкружена со крв со рацете во уста“, открива детективката.
На судот му било кажано дека Кира го зела бричот и нејзиниот сопруг се борел со неа додека таа се обидувала да го стави сечилото во уста. Потоа се јавил на 911 и ѝ рекол на операторката дека неговата партнерка се обидува сама да си ги извади забите.
Полицијата пристигнала и побарала брза помош, но истрагата покажала дека значително доцнела. Службениците на местото на настанот, Џема Хендерсон и Лин Гулд, ѝ врзале лисици на Кира во обид да ја заштитат. Сепак, Кира престанала да дише, соопштено е во истрагата.
Истрагата заклучила дека полицајците направиле се’ што можеле за да ја спасат. И нејзиното семејство им се заблагодари за грижата нарекувајќи ги „пример за професијата“.