Речиси две години по трагедијата, не стивнуваат реакциите по прераната смрт на Јасмин Хасиќ, поранешниот финалист во „Ѕвездите на Гранд“ и интерпретатор на кој му предвидуваа блескава кариера.
Талентираниот пејач имаше само 36 години кога го напушти овој свет. Му беше откриен тумор на бубрезите поради кој беше итно опериран во Турција, но по зафатот не успеа да се се избори со опаката болест.
Тажната вест ја потресе естрадата. Многу познати личности тогаш се огласија на социјалните мрежи, а меѓу нив и Лејла Захировиќ.
„Останав без зборови, ништо не може да ги намали болката и тагата.. Разочарување! Ова е огромна загуба, голем човек, пејачиште, прекрасен сопруг и татко.. Засекогаш ќе те сакам, брату мој“, напиша таа.
Пораки со поддршка во тие тешки мигови постојано се редеа и на фејсбук-профилот на сопругата на пејачот со која има две деца.
„Тагата и болката се големи, примете мое искрено сочуство, Бог нека ви даде сила“, беше една од пораките.