По седум години брак, Тамара Тодевска неодамна одлучи да стави точка на љубовната приказна со поранешниот кошаркар Александар Димитровски.
Популарната македонска пејачка, како што кажа во една прилика, одлуката не ја донела преку ноќ, па призна дека долго време живеела во агонија.
Лошиот период веќе е минато. Поп-ѕвездата повторно е исполнета на емотивен план, а човекот што успеа да ѝ го украде срцето е Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје.
„Секогаш давам шанса на љубовта. Колку и да звучи клише, без љубов не можеме. И тука мислам на љубов кон семејство, работа, пријатели, како и на љубов кон партнер, секако. Нема правила. Љубовта не е мојот календар на планирани концерти и свирки, па да можам да ја адаптирам кон истите. Таа се случува. Без да прашам, без да планирам. Затоа е убава и вредна“, вели Тамара во нејзиното ново интервју за „Женски магазин“.