fbpx

Една жена почина, двајца се во кома: Причината е страшна

Една жена почина, а двајца се во кома откако дома јаделе пита со праз кои сами ја приготвиле.

Блиски роднини на семејството за Алфа раскажуваат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.

Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.

„На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, информираат од МВР.

Инаку, „метомил“ е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.

Следни Објави

Ова е пејачката пронајдена мртва во хотел: Соседите со детали за трагедијата

Емина С. е пејачката која е пронајдена мртва во таканаречен хотел за самци во Трстеник, јавуваат српските медиуми. Според непотврдени информации, соседите го пронашле безживотното тело дури по три дена откако починала. „Извесно време беше болна и едвај се движеше. Синоќа пред влезот во зградата видов брза помош и полиција. […]