fbpx

Маж ѝ на Маријана почина три дена по свадбата: Чудни околности, семејството бара помош

Маријана и Нејт се венчаа на 28 октомври и отпатуваа на Карибите. Три дена подоцна се случи трагедија

Медениот месец на една двојка од Охајо заврши трагично, откако сопругот почина во чудна несреќа само три дена по нивната венчавка, пишува во објавата на GoFundMe.

Во истиот „пост“ е наведено дека не може со зборови да се опише тагата низ која поминува семејството на починатиот.

Фамилијата бара и донација за покривање на погребот и на патните трошоци. На две различни сметки на GoFundMe досега се собрани повеќе од 100.000 долари.

Мајката на Нејт на „Фејсбук“ напиша дека веднаш одлетала на Карибите откако ѝ починал синот.

„Ве молам, чувајте не’ во вашите молитви додека го носиме Нејт дома“, напиша таа.

Засега не се знае точно како дошло до несреќата и се споменува само инцидент при скијање на вода.

Следни Објави

Мајка му го оставила во торба за леб: Горан е бездомник од раѓање, кога на 32 години го запознал татка си се соочил со нова трагедија

Горан Распор е бездомник од раѓање. Мајка му го оставила пред продавница во торба за леб кога имал три месеци и повеќе не сакала да го види. „Извадила векна леб и мене ме ставила во платнена торба. Продавачот веднаш повикал полиција. Ме земале социјалните служби и ме однеле во јасли […]