Тажна вест споделија на „Фејсбук“ вработените од Театар Комедија.
Тие се простоја од својот колега и пријател Игор Трајковски.
„Со огромна жал и болка објавуваме дека почина нашиот, колега, пријател и соработник Игор Трајковски. Овој човек кого сите го почитувавме беше и ќе остане дел од нашиот театар. Сочувство до семејството за оваа огромна и ненадоместлива загуба. Вечен ти спомен драг Игор“, стои во објавата.