fbpx

Не сакам да се сомневам во ништо: Најнова изјава на мајката на Вања

И по 72 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје нема ниту трага.

Нејзината фотографија не се симнува од медиумите и од социјалните мрежи, а за нашето девојче веќе се добро упатени и во соседните земји.

Во изјава за Фактор, мајката на Вања вели дека е во постојан контакт со полицијата и дека цврсто верува дека ќе ја најдат нејзината ќерка.

-Полицијата интензивно работи. Јас не сакам да се сомневам во ништо и во овие моменти мора да останам силна. По неколку пати во денот сум во контакт со полицијата, на сѐ што можам да се сетам, сѐ што сметам дека е важно за истрагата им го кажувам и тие буквално работат деноноќно. Секако дека се надевам на најдоброто- вели таа за Фактор.

Следни Објави

Естрадата тагува: Почина познатиот пејач, сопругата потврди

Тажна вест објави „Скај њуз“ Музичарот и пејач Шејн Мекгован, најпознат како фронтмен на „The Pogues“, почина на 65-годишна возраст. Веста за смртта на легендарниот рокер, кој стоеше зад култната божиќна песна „Fairytale of New York“, ја потврди и неговата сопруга Викторија Мери Кларк. „Шејн секогаш ќе биде мојата светлина, […]