Ако на екранот на броилото ви се појави ознаката Т2 (за ниска тарифа), тоа значи дека меѓу првите ќе користите евтина тарифа.
Од околу 650 илјади броила, само 170 илјади имаат нови струјомери на далечинска комуникација, па веднаш се сетирани.
Останатите имаат обични броила кои мора да бидат сетирани рачно и на самото место.
Тие кои имаат дигитални броила самите ќе можат да проверат дали навистина трошат струја од евтината тарифа.
– На LCD екранот на броилата се појавува ознака Т1 (за висока тарифа) и Т2 (за ниска тарифа), што значи дека во зависност од периодот на денот се појавуваат и се активни соодветните ознаки на екранот. Имено, корисникот може да препознае дали му е сетирано броилото на евтина тарифа од 13 до 15ч. после 1-ви декември, доколку му се појави соодветната ознака за евтина тарифа во наведениот временски период, велат од ЕВН.