Веќе пет дена трае потрагата по 14-годишната Вања.
Нејзината мајка вели дека коментарите на социјалните мрежи не ги чита.
Во некои медиуми се објавуваат нејзини наводни изјави, нагласува таа.
-Ако сум кажала нешто, од тоа се вадат заклучоци, се извртуваат зборови. Потенцирам дека сум задоволна од работата на полицијата, сѐ е во нивни раце. Ако некој може да го пронајде моето дете, тоа се институциите кои се задолжени за тоа. Ние, што можеме да направиме? Да одиме и да бараме по улици? Затоа замолувам да се престане со шпекулации и невистини, ова е навистина тежок период за нашето семејство-апелира мајката во изјава за Фокус.
Околу бројните јавни реакции околу таткото на Вања, каде е тој и зошто се нема јавно огласено, таа вели дека тој не користи социјални мрежи.
-Можеби некому тоа му е несфатливо, но не секој сака да го става својот живот на тањир. И јас не објавувам многу на социјалните мрежи, и не гледам ништо спорно во тоа. Александар нема ризична професија-појаснува мајката, околу шпекулациите дека можеби Вања е киднапирана поради наводни ситуации поврзани со работата на родителите.