fbpx

Живеј денес, бидејќи „вчера“ помина, а „утре“ може и нема да биде

Среќата е индивидуална. Некому за среќа му е потребна викендица на море и луксузен автомобил, а некој едноставно сака да љуби и да биде сакан, пишува порталот „Успешна жена“.

Без разлика кој како го сфаќа поимот среќа, секој човек треба да знае дека сѐ е во нашите раце и фокусирајќи се на својата цел вложувајќи одреден напор, можно е да добие сѐ што ќе посака.

Во продолжение прочитајте ги овие 20 совети кои ќе ви помогнат да го исполните вашиот сон и да станете среќни!

1. Запомнете дека никому не  му должите ништо.

2. Запомнете дека и вам никој ништо не ви должи.

3. Обидете се да не се расправате со никого. Подобро е да бидете на раат, отколку во право.

4. Во животот секогаш сметајте на себеси.

5. Избегнувајте комуникација со глупави луѓе.

6. Не штедете премногу.

7. Живејте денес, бидејќи „вчера“ помина, а утре може и нема да дојде.

8. Ако сте виновни, веднаш признајте и не барајте си оправдување.

9. Секогаш имајте на ум дека секој има своја вистина и таа често не се поклопува со вашата.

10. Ако сте лошо расположени, замислете дека кога ќе умрете нема да го имате ниту тоа.

11. Не гледајте премногу телевизија.

12. Обидете се да извлечете задоволство од секој настан.

13. Секогаш имајте на ум – овој живот е најдрагоцен.

14. Најважна во животот е љубовта – сѐ друго е суета.

15. Сите ваши проблеми се само во вашата глава.

16. Светот околу вас не е лош, ниту пак добар. Нему му е сеедно дали вие постоите во него или не.

17. Не занимавајте се со полтика, таа ги прави луѓето злобни.

18. Не верувајте во ветувања, туку во чувства.

19. Со жените, како и со децата, секогаш бидете трпеливи, но и снаодливи.

20. Запомнете еднаш засекогаш – денешниот ден е најдобар ден во вашиот живот.

Следни Објави

Скенирате сметки? Важна вест за сите

Проектот Мој ДДВ почна пред неколку години со цел да се намали сивата економија. Тој постојано се модифицира. Од почетокот на 2023 година граѓаните што скенираат сметки наместо тогашните 1.800 денари за едно тромесечие почнаа да добиваат 2.100 денари. Сега сумата ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тромесечие, […]