fbpx

Мајката на Данка конечно проговори: Упати јасна порака

Осум дена трае потрагата по Данка Илиќ, двегодишното девојче кое исчезна во Бањско поле недалеку од Бор.

Конечно се огласи Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче. Таа за српски „Курир“ ја замоли јавноста за разбирање во овие тешки мигови.

„Болно е да се размислува за ова, ни самата не знам како сето ова го поднесуваме. Го молам Бога само да ни се врати. Кога ќе заврши се’, јавно ќе проговорам за сите навреди и постови, затоа што тоа што го прават некои луѓе навистина нема смисла. Не сакам, ниту имам сила да зборувам на таа тема во моментов. Сега само едно е важно, а тоа е нашата Данка“, вели мајката на девојчето.

Новинарите од српска „Нова“, пак, ја прашаа дали се вистинити информациите дека таа ги пребарувала граничните премини со Романија, но и до кој степен може кривично да одговара.

„Телефонот беше на форензика, само тоа ќе го кажам. Ако е така, јас не би била мајка која го бара моето дете, мојот статус би бил поинаков. Сакам само Данка да се врати жива и здрава, па потоа ќе разговараме за се’“, вели Ивана.

Таа им потврди на медиумите и дека го одгледала видеото од Виена на кое е наводно нејзиното дете.

„Поради текот на истрагата не ми е дозволено да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат дење и ноќе. Се надевам дека што побрзо ќе го гушнеме нашето дете“, вели очајната мајка.

 

Следни Објави

Петар и Александра поминаа низ пекол: Првото дете им почина пет дена по раѓањето, второто им се роди со истите симптоми

Познатиот музичар Петар Јелиќ со сопругата Александра поминаа низ вистински пекол. Нивниот прв син Виктор починал пет дена по раѓањето, а кога се родил Вук, Бог им дал ново искушение. „Сè најлошото што можеше да ни се случи, ни се случи. Првото дете ни почина, второто едвај се избори за […]