Многу суеверија се поврзуваат со бројаниците, но црквата нагласува дека тие се користат исклучиво за молитва, а не за играње, како украс, „за среќа“ или како „нараквица за децата добро да спијат и ништо да не сонуваат“.
Отец Владимир нагласува дека бројаниците треба да се третираат со почит.
„Се препорачува бројаницата да се носи на левата рака, од практични причини. Додека се крстиме за време на молитвата, полесно е да ја имаме во левата рака. Но, ова не е верско прашање, туку практично и не е проблем дури и ако бројаницата се носи на десната рака“, вели тој.
Исто така, бидејќи повеќето луѓе повеќе ја користат десната рака, носењето на бројаницата на левата рака ја намалува можноста бројаницата да се фати некаде и да се скине. Секако, доколку личноста е левучар, во тој случај попрактично е да ја носи на десната рака.
Има бројаници и што се носат околу вратот.
Кога бројаницата не се користи во молитвата, се препорачува истата да се остави заедно со молитвеникот, Светото писмо и иконите.
Многу теории кружат околу тоа дали треба да си купиме бројаница за себе, или некој друг да ни ја подари. Верувањето дека некој треба да ни подари бројаница е, се посочува, само како суеверие. Убав гест е ако некој ви подари бројаница, но не е потребно, можете да си ја купите.
Ако се скине бројаницата, може да се запали или фрли во реката. Бројаницата треба да се носи како знак на молитва која е врска со Господ и не треба да се молите пред сите, туку дискретно.