Ако сте родени во еден од овие два хороскопски знаци, подгответе се за исклучително напорен период. Сепак, не очајувајте. Нема да е „крај на светот“ и наместо да се сожалувате, најдете малку време за себе, опуштете се и препуштете им се на настаните да ве водат.
Не давајте отпор и овој период бргу ќе помине. Па, тоа е само еден месец од годината.
Овен
Најверојатно сте преморени, но потребно е да издржите само уште еден месец пред конечно да им се препуштите на убавите работи. Мора да најдете начин да поминувате повеќе време со себе и да си ја обновувате енергијата, бидејќи едноставно ќе прегорите. Ако тоа значи одвреме-навреме да ја заклучите вратата од вашата соба и да ставите знак „Не вознемирувај“, слободно направете го тоа!
Риби
Постојано талкате со мислите и тоа ве уништува во реалноста. Едноставно претерано размислувате за професионалниот живот и за моменталниот распоред, и тоа непотребно ве потресува. Можеби и токму затоа не сте расположени за никаква летна авантура. Но, не правете си го ова на себе.