Кога ќе се случи измама во бракот, дали веднаш треба да се напушти партнерот и да се побара развод, се запрашала оваа жена која има 42 години. Таа побарала совет од психологот на весникот „Сан“
Една жена која сакала да остане анонимна рекла дека му простила на сопругот што имал афера со друга жена пред 10 години. Единствената причина поради која му простила биле децата, но тој тоа не го знае, па мисли дека таа го сака и дека работите можеле да се поправат.
„Направив се’ за него, дури и се грижев за неговите два сина од првиот брак. Изневерувањето го простив само поради децата, но веќе 10 години не сме биле интимни. Тој постојано зборува за тоа, ме допира, покажувам интерес, но едноставно не можам да се опуштам“, пишува таа.
„Повеќе не ме привлекува поради тоа што го направи“, му напишала жената на психологот на весникот.
Експертот прво прашал што добила оваа жена од бракот.
„Тој не требало да изневерува, нема оправдување за тоа, но што сè уште правиш во тој брак? Не го привлекуваш, но дали чувствуваш дека го сакаш? Ако одговорот е потврден, тогаш вреди да се бориш“, ѝ одговорил тој.
„Најдете момент и кажете му дека не сте среќни и дека би било добро заедно да посетите брачен советник“, дополнил психологот.