fbpx

Почина тинејџер од Битола: Страшни детали, наредена е обдукција

Четиринаесетгодишно момче од Битола вчера ненадејно починало во атарот на село Крстоар каде било на роденденска забава со своите врсници, јавува „Телма“.

Причините за смртта на осмоодделенецот од битолското основно училиште ,,Коле Канинаски” сè уште не се познати, поради што обвинител наредил обдукција.

На тинејџерот му се слошило околу 15 часот и 30 минути додека играл со другарчињата во близина на Битола, по што веднаш била повикана Итна помош. Веднаш било пренесено во битолската Клиничката болница, без знаци на живот, а лекарите 40 минути се обидувале да го реанимираат, но безуспешно.

Од битолската полиција велат дека кај момчето немало знаци на насилство.

Следни Објави

Немала односи со сопругот 10 години: Кога ќе ја слушнете причината..

Кога ќе се случи измама во бракот, дали веднаш треба да се напушти партнерот и да се побара развод, се запрашала оваа жена која има 42 години. Таа побарала совет од психологот на весникот „Сан“ Една жена која сакала да остане анонимна рекла дека му простила на сопругот што имал […]