Никол Егерт, 52-годишната ѕвезда на популарната телевизиска серија „Чувари на плажата“, објави дека во декември 2023 година ѝ бил дијагностициран крибриформен карцином во втор стадиум, а годинава, како резултат на хемотерапиите, ја избричи главата со помош на нејзината ќерка.
Во текот на лекувањето од рак на дојка, во нејзините лимфни јазли биле откриени повеќе канцерогени клетки.
Егерт на почетокот на 2024-та за магазинот „Пипл“ изјави оти мислела дека нејзините симптоми се знаци на менопауза, но сфатила кога ненадејно се здебелила 11 килограми за три месеци и почувствувала „страшна болка“ во левата града, па решила да направи нешто околу тоа. Откако ја открила грутката при прегледот, се јавила на лекар.
„Навистина пулсираше и болеше. Веднаш отидов кај мојот матичен лекар, а таа ми рече дека морам итно на преглед“, изјави актерката.
Една од пријателките на Егерт, Минди Молинари, создаде страница GoFundMe за да ѝ помогне на актерката да се справи со претстојниот финансиски товар.
„Нема да може да работи среде операции и третмани. Пред неа е долг, страшен пат и тешко ѝ е да побара помош. Ве молам да и помогнете на мојата пријателка да си ги плати медицинските сметки“, објави таа.